Skip to content
БУРНИ ВРЕМИЊА
Серија

БУРНИ ВРЕМИЊА

„Бурни времиња“ - емотивна, драматична и една од најгледаните серии на сите времиња. Драма исполнета со предавства, нераскинливи семејни врски и тајни што ги менуваат нивните животи засекогаш. Семејството Акарсу води навидум мирен живот сè додека тајната на бродскиот капетан Али не излезе на површина. Додека Џемиле се бори да го заштити своето семејство, политичките превирања и општествените промени ќе ги стават на најголемото искушение.
9 епизоди
  • Сезона 1 / Епизода 1

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    По враќањето на Али од долго патување, Џемиле пронаоѓа писмо што ја разоткрива неговата љубовна врска, соочувајќи ја со вистината што ќе го промени животот на целото семејство.

  • Сезона 1 / Епизода 2

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Џемиле се бори да го врати Али и да го сочува семејството, но неговата врска со Каролин станува сè посериозна. Секој следен чекор носи нова закана за нивниот…

  • Сезона 1 / Епизода 3

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Каролин пристигнува во Истанбул и повеќе ништо не останува исто. Додека Џемиле се обидува да го заштити својот брак, Али се наоѓа пред најтешкиот избор во својот живот.

  • Сезона 1 / Епизода 4

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Во обид да го врати Али и да го заштити своето семејство, Џемиле се соочува со Каролин. Но, нивната средба завршува со неочекуван пресврт што ќе остави сериозни…

  • Сезона 1 / Епизода 5

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    По случувањата со Каролин, Џемиле се соочува со сериозни последици. Али, пак, сè повеќе му се посветува на својот нов живот со Каролин, оставајќи го семејството зад себе.

  • Сезона 1 / Епизода 6

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Додека Али се обидува да го изгради својот нов живот, Џемиле се бори да ги заштити своите деца, кои сè потешко го прифаќаат изборот на својот татко.

  • Сезона 1 / Епизода 7

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Разделбата помеѓу Али и Џемиле остава длабоки последици врз нивните деца. Додека секој од нив се соочува со лични проблеми, семејните односи продолжуваат да се влошуваат.

  • Сезона 1 / Епизода 8

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Али и Каролин се обидуваат да започнат заеднички живот, но новите љубовни односи и конфликтите меѓу децата повторно ги поврзуваат нивните животи со нерешените проблеми од минатото. 9…

  • Сезона 1 / Епизода 10

    БУРНИ ВРЕМИЊА

    Кога Али не се појавува на судењето за развод, Џемиле се соочува со ново разочарување, а средбата со Каролин во болницата повторно ги разгорува нивните меѓусебни конфликти.