Бутка одлучува да ѝ биде личен тренер на Верка, со цел да ѝ помогне да симне неколку килограми. Во меѓувреме, во селото пристигнува пријателката на Деса, која организира часови по јога. Живана, убедена дека станува збор за секташки ритуал, решава да преземе нешто. Боба го затекнува Бутка во друштво на други жени, по што настанува вистински хаос.