Skip to content

ХОТЕЛ

Пристигнува денот на конечната одлука за статусот на хотелот во ЕФХ, а Деки и неговиот тим се соочуваат со последната проверка за посакуваната четврта ѕвездичка. Ситуацијата дополнително се комплицира со пристигнувањето на новата сопственичка Ангела, која ги открива своите планови за продажба на хотелот. Сите вработени се обединуваат во последен обид да го спасат хотелот и да ја обезбедат неговата иднина.