Во издание на книгоиздателство Темплум, излезе графичкиот роман „Плати па клати: мемоари на еден уживател на проституција во слики и зборови“ од канадскиот автор Честер Браун. Преводот од англиски го направи Ивана Галапчева. Книгата има 292 страници во тврд повез и е единаесетто издание во стрип едицијата Лифт.

Графичката новела постигна забележителен критички и читателски успех, а како четиво кое адресира важни прашања околу сексуалната работа.