Бурни реакции во јавноста- се најавува протест против полициската бруталност

Од колата излагаме и полицаецот почна одма да мава на нас, но пет ни шест, не ни ни помогнаа… Вака започнува сведоштвото на еден од жртвите на ќотекот во Битола од страна на сообраќајната полиција. Тупаници, клоци, влечење од страна на полицијата кон група граѓани, може да се забележи од видеото објавено на социјалните мрежи кое предизвика бура реакции во јавноста. На видеото се гледа дена е применета сила врз еден човек , но подоцна, преку онлајн разговор на невладината организација Аваја и жртвите е објаснето дека биде тепани тројца.

Причината за тепањето според нападнатите била сообраќајна незгода која тие ја предизвикале, но наместо помош од страна на полицијата се соочиле со ќотек кој подоцна бил продолжен и во полициска станица.

Полицијата внатре кога бевме во станицата, и таму многу не тепаа, само што влеговме одма…

Тие почнаа да маваат,со предмети, со тупаници, со се.. , велат жртвите.

За бруталниот инцидент кој ја вознемири јавноста, од МВР се огласија преку кусо соопштение дека случајот го истражува внатрешна контрола и дека биле идентификувани напаѓачите. Изјава даде и премиерот Заев кој го осуди чинот, побара одговорност, но не и од шефот на полицијата Оливер Спасовски кој треба да има контрола врз работата на полицајците.

Дали е среќа во несреќа што беше тепањето снимено? Што жртвите кои се претепани имаа можност гласно да кажат низ што поминале? Несомнено вакви случаи на полициска бруталност има во голем број, но ретко кои се снимени за да може јавноста да биде информира и под нејзин притисок институциите да си ја вршат својата работа односно да казнуваат вакви дела. За грозоморниот чин во Битола од невладината организација „Аваја” пак најавија дека ќе организираат протест против полициската бруталност и ја повикаа ромската заедница и невладините организации да се приклучат, со цел ваквите случаи да не се повторат.

Мери Ѓеорѓиевска