СДСМ бега од избори, дали бега и од една изборна единица?!

„Во Собранието има класичен бојкот кој оневозможува парламентарни дебати за било кое законско решение“ – вели премиерот Димитар Ковачевски иако вчера опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавно повика да се закаже собраниска седница за Предлог измените во Изборниот Законик кои предвидуваат Македонија да биде една изборна единица.

„За предвремени избори, таква средба нема и не треба да се одржи, со оглед на тоа што такво барање доаѓа во таква тешка криза. Нормално е политичките партии да се гледаат. Политичарите треба да се среќаваат, да разговараат за се. И во моментот има бојкот во собранието, во кое не се овозможува ниту една парламентарна дебата за законско решение“ – изјави Ковачевски.

Иако Ковачевски трведи дека опозицијата блокира се, денеска почна со работа комисијата за избор и именувања на која се расправа за новите уставни судии, а како што најави ВМРО-ДПМНЕ тие се спремни и за се друго што е од интерес на граѓаните, но приоритет е реформа на изборниот модел како подготовка на нови предвремени избори.
Воведувањето една изборна единица беше дел од предизборната програма на социјалдемократите, сепак досега не е исполнето.
Дел од помалите партнери во владината коалиција се заканија дека ќе откажат поддршка доколку не се направат реформи во изборниот законик.
Токму малите партии би имале најголем ќар од измените.
Доколку ги земеме резултатите од парламентарните избори во 2020-та година и ги пресликаме на ваков изборен модел СДСМ која настапи заедно со БЕСА би имале еден пратеник помалку. Истото важи и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, и коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива. Од друга страна Левица би добила 5 наместо 2 пратеници.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста