Приватните превозници во була, ЈСП им должи – Алармираат дека 16 линии нема да можат да возат

Јавното сообраќајно претпријатие на Град Сокпје на приватните превозници им должи над 72 милиони денари, а дел од долговите се и за минатата година. Превозниците алармираат, ако долгот не се подмири до крајот на неделата дури 16 градски авотбуски линии ќе престанат со сообраќање.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ за Алфа појаснува дека заради ова тие повеќе месеци се задолжуваат кај нафтените добавувачи а земаат и кредити, но, велат веќе не е изводливо да се заглавуваат и натаму.

– „Ние се наоѓаме во една многу непријатна ситуација како превозници, на кои што е доверено извршувањето на дел од јавниот превоз во Град Скопје, со една голема финансиска криза заради огромниот долг кој што ЈСП го има кон нас како приватни превозници кој што е во постојан пораст. Се исцрпени сите можности да можеме понатаму да продолжиме да го оддржуваме превозот. Едноставно, нема за нафта, се должат плати на возачите кои што возат во приватниот превоз.“ – Изјави Јовановски.

Превозниците се обратиле до град Скопје и градоначалничката Арсовска. Оттаму им ветиле дека дека до крајот на следната недела поголем дел од долгот ќе им биде исплатен. Но, доколку тоа не се случи, приватните автобуси ќе мораат да застанат вели Јовановски.

„Доколку до Петок не се оствари, од иститие причини, ние повторно не ќе можеме да се покренеме и ние ќе застанеме. Не по наша вина и не по наша желба. Ние сакаме да работиме. Тоа е работа од која што се остваруваат приходи, меѓутоа, не може да ги финансираме превозот и едноставно повторно ќе застенеме доколку сме, да кажам на некој начин излажани или не се исполни она што ни е ветено.“ – Додаде Јовановски.

Милорад Димитревски од „Макекспрес превоз“ вели дека доцнењето со исплата почнало уште лани. На почеток било по само по неколку дена, но, периодот на чекање станувал се подлог.

– „Бараме секакви решенија за превозниците да не застанат, но, повеќе не сме во можност. Цените на горивата отидоа до небо, а и резервните делови се скапи. Покажуваме разбирање, знаеме каква е ситуацијата во градот, во државата и во светот. Но, мораме да водиме грижа и за безбедноста на патниците. Ако не не исплатат ќе немаме алтернатива, освен да престанеме да работиме“ – Вели Димитриевски.

Тој додава дека нафтените компании повеќе не им дозволуваат да им се задолжуваат. Вели дека само за една смена, за еден автобус му се потребни над 45 литри гориво, кои во моментов чинат 4000 денари. Плаќаат и затезни камати кај добавувачите поради доцнење, а должат и плати на вработените.

Алфа се обрати до ЈСП и до градот Скопје за тоа дали проблемот ќе се реши, но, оттаму не добивме одговор.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста