Никако да се реши децинискиот проблем со водата во Тетово

Тетовскиот водовод денеска ги доведе во заблуда граѓаните дали има исправна вода за пиење, откако преку нивниот Фејсбук профил прво објавија дека водата е загадена и не се смее да се пием по што следеше измена па потенцираа дека запрен е дотокот на едниот од двата водоснабдителни системи поради заматеноста.

Проблемот е во новиот водоснабдителен систем кој има сензори за заматеност на водата што значи дека е неисправна и тие количини не се пуштаат во мрежата, па градот се снабдува само од стариот водовод со вода од извори на Шар Планина.
Поради заматеност на водата од атмосферските врнежи, од овој момент во прекин е работата на филтер станицата за вода за пиење. Градот моментално се снабдува со вода само од изворите на Шар планина, моментално издашноста е 250 l/s, гласи последната официјална информација од ЈКП Тетово
.

Од Центатот за јавно здравје од каде го контролираат квалитетот на водата велат дека веднаш е испитан стариот водовод каде немаат забележано проблем.  
Првичните наоди од физичко-хемиската анализа покажаа дека водата за пиење е исправна, соопштија од ЦЈЗ Тетово
.

Тетово иако има два, најчесто го користи само тој страиот водоснабдителен систем, поради тоа што од новиот- доводот често е прекинат поради заматена вода или дефекти. Новиот водовод кој беше изграден од претходното раководство, повеќе не работи отколку што е во полза на граѓаните. Но иако во април и сегашниот градоначалник најави трајно решение за новиот водовод такво нешто нема и повторно се јавуваат проблеми во водоснабдувањето.

 За да имаме потрајно решение, треба посериозна анализа-студија која ќе биде направена на лице од кај изворот во Лешница и до целиот цевковод до филтер станицата зa да видиме каде има проблематични точки во текот на летото да интервенираме за да не ни се повтори пак истото. Но тоа што е најголем проблем со водата во Тетово,а тоа е дистрибутивната мрежа а која е дотраена за која веќе сме во разговори, да направиме физибилити студија за тоа каде треба и што треба да се направи рече Билал Касами- градоначалник на Тетово на 12 април годинава.

Заматување на водата од новиот водовод имаше и на почеток на септември. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста