Напаѓачот на Пендиков во 2009 година спасил две жени од Бугарија кога во Охрид потона бродот со бугарски туристи

Мојот син не знае за омраза и нема проблем со ничија националност, воспитан е да ги почитува подеднакво сите луѓе без оглед на вера и нација-вели таткото на Илија Спасески,единствениот приведен во инцидентот со Христијан Пендиков. Иако не сакаше да зборува пред камера, во телефонскиот разговор ни раскажа декапред 14 години кога потона бродот со бугарски туристи помагале да се спасат што повеќе животи.

 Јас и мојот син стигнавме први, спасивме две жени и со наш автомобил ги однесовме во болница,за што од сите страни добивавме пофалби во знак на благодарност. Во притвор синот го посетив еднаш и во 10 минути колку што имав на располагање не успеав да прашам што се случи,како заврши зад решетки? Илија вели дека не се чувствува виновен и јас му верувам.Тој од секогаш се занимавал со спорт,во последно време со боречни вештини,но тој е мирен и трдам дека не би посегнал по опојни дроги”- вели неговиот родител Гоце Спасески кому сеуште не му е јасно што се случува,коментирајќи ги гласините дека причина за тепачаката е нерасчистен долг поврзан со продажба на дрога.

Го прашавме дали знае која била причината за инциндетот,дали го знае Пендиков или останатите двајца кои се спомнуваа како учесници во инцидентот, дали некогаш доаѓале во неговиот дом-никогаш вели не сум чул за нив нити сум ги видел. 

Двасет и пет годишникот кој го извлече најдебелиот крај, две години работи како професор по физичко воспитување во основно училиште во Охрид. Неговите колеги кои ги контактиравме велат дека се работи за ревносен, стабилен и посветен просветен работник,кој никогаш не ни подвикнал по учениците.

Илија Спасески е единствениот кој ќе одговара за инцидентот со секретарот на бугарското здружение Цар Борис III.Со кривичната пријава нема да бидат опфатени останатите две лица. Пендиков кој првично пред полицијата со име и презиме ги посочил учесниците во тепачката,потоа го сменил исказот со што амнестирал од одговорност двајца браќа. Во овој момент ништо не е потврдено,предметот е сеуште во фаза на истрага, се проверуваат камерите од околните објекти, се земаат изјави од сведоците-велат за Алфа од обвинителството.

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 од Кривичниот законик. Во исто време се преземаат интензивни дејствија за целосно испитување на настанот и за идентификација на други евентуални сторители – велат од ОЈО.

Според кривичниот законик за делото за кое се терети младиот Спасески кој е во триесет дневен притвор,следува казна затвор од 1 до 10 години.Oд обвинителството го проверуваат исказот на Пендиков тој тврдел дека се’ почнало во локал каде влегле тројца, го удриле по глава и му рекле:” Зошто се пишуваш бугарин “ –што нагласувасме дека не е потврдено и се проверува,велат од таму.

Инаку Пендиков кој иако не бил во животозагрозувачка состојба охридските лекари инсистирале да биде префрлен на клиниката за максилофацијана хирургија,од за нив нејасни пречини бил пренесен во специјалната болница Свети Еразмо од каде со болчничко возило бил префрлен на охридскиот аеродром каде го чекал бугарски владин авион.Додека траеле подготовките за транспорт Пендиков бил фотографиран од тројца фотографи кои дошле со бугарскиот авион.Фото сесијата се одвивала на аеродромската писта.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста