Мобилизација за помош – Тимот од Штип е подготвен да тргне за Турција

Петмината штипски пожарникари од утринава се спремни да заминат во спасувачка мисија во реонот зафатен од земјотрес во Турција. Тие ќе бидат дел од вториот конвој што го испраќа Македонија. Обучени  се да помогаат во вакви ситуациии, а со себе ќе поносат и три сет опреми специјализарани за помош од рушевини.

Комплетно сме подготвени, чекаме наредба од Дирекција за заштита и спасување. Кога ќе се вратеме не знаеме, се зависи од ситуацијата„ изјави Дарко Коцев, командир на ППЕ-Штип.

Вториот македонски конвој е веќе подготвен. Треба да заминат 30лица. Освен штипските, за Турција заминуваат од Кавадарци и Куманово .

„ Сите подготовки се завршени, луѓето се веќе во Дирекцијата, само се чека на владина одлука за да заминат„ изјави Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Со финансиска помош се вклучија и опшините. На вонредни седници дел од општинските Совети веќе донесоа одлука, а останатите до крајот на неделата.  

Сите советници, акламативно, со едногласна поддржка дадоа зелено светло од општинскиот буџет се издвојат 300.000денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија„-изјави Иван Јорданов,градоначалник на Штип

Во меѓувреме четворицата студенти од Медицинскиот факултет при УГД кои преку Еразмус програмата се на дообучување во Истанбул се на безбедно, информираат од ректоратот. За да им се излезе во пресрет на турските студенти кои се во голем број, Универзитетот за нив ќе овозможи вонредна сесија. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста