Мицкоски прифаќа веднаш промена на Уставот по хрватскиот модел

Ако власта сака уставни измени по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и останатите малцинства, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе прифати и уште утре ќе се отвори преамбулата , но прашање е дали ја прочитале добро, категоричен е  преседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој го прифаќа моделот на Хрватскиот устав ,според кој Македонија ќе биде унитарна држава на македонскиот народ и останатите малцинства 

  • Па не знам дали се сигурни дека сакаат да  биде според преамбулата на Хрватскиот Устав. Еве јас сум подготвен  и ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, еве ако сакат уште утре да ја отвориме прембулата на Мкедонскиот Устав и да го направиме тоа според хрвтскиот терк, само да не се кат после то, да не речат некои други етнички зедници, па да речат, а не било баш така кко што они кажуват. Инаку ако сакат еве според прембулата во Хрвтскиот Устав веднш, не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или так на памет само си кажуват, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ одма прифаќаме такви уставни измени„ рече Мицкоски.

Во хрватскиот Устав стои , Република Хрватска е држава на хрватскиот народ и останатите малцинства Срби, Чеси, Италијанци, Евреи, Германци, Австријци, Украинци, Руси, Бошњаци, Словенци, Црногорци, Македонци, Бугари, Румунци, Турци, Власи,Албанци и други кои се државјани и се рамноправни со хрватскиот народ и ги остваруваат своите национални права.

Сепак Мицкоски е категоричен, во овој парламентарен состав промена на Уставот нема да има, откако министерот за првда Кренер Лога порача дека отстранувањето на 20% од Уставот и неговата замена со албански јазик треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите, како заедница која живее во Македонија.

  • Во овој парламентарен состав промена на Уставот нема да име„ категоричен е Мицкоски.

 Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во рамки на активностите „Промените на дело„ заедно со градоначалникот на Штип направија увид во градежните активности изградба на конзоли на река Отиња и асвалтирање на неколку улици во штипската населба Дузлак. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста