Европските банки го замрзнаа проектот за пречистителна станица, Арсовска и претставниците на градот не оделе на состаноци

Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е замрзнат, оти градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и директорот на ЈП„Водовод и канализација“, Драган Илиевски, поставен од нејзе, не оделе на состаноци, пишува порталот Сакам да кажам.
Порталот повикувајќи се на свои извори, вели дека дополнително, бил разрешен и раководителот на проектната единица за имплементација на проектот.

Поради овие причини, претставнците на европската банка за обнова и развој и на европската инвестициска банка, кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви активности за да се почне со градба на пречистителната станица.

Дека проектот и понатаму се кочи и има забелешки од европските банки потврдува и министерката за животна средина Каја Шукова, која вели дека претставници од градот отсуствуваат од редовните состаноци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста