Зошто Владата не ја почитува судската одлука за „Јадран Филм“?

Владата не ја почитува одлуката на Врховниот суд во корист на Јадран филм од Загреб, кои бараат да им се ослободат  300 илјади евра од договорот со владината агенција за филм за да може да се заврши проектот „Македонија“. Со тоа што македонската влада не ја почитува  оваа одлука на највисокиот суд, свесно ја става државата во неизвесност и за потенцијални милионски тужби.

Од Антикорупциската комисија велат дека за ова прашање треба да се изјасни Владата и посочуваат дека секоја одлука на судовите треба да се почитува.

Алфа побара одговор и од Владата. Оттаму  ја толкуваат судската одлука според нивен терк:

Во задолжението на пресудата „се утврдува дека одлуката број 02-1257/1 од 27.09.2017 година донесена од в.д. директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија Горјан Тозија е ништовна и истата не произведува правно дејство”. Оттука не постои никакво задолжение согласно кое што треба Агенцијата да постапи и да го спроведе. Ова значи дека судот ја ценел формалноста на раскинот на договорот, но не и суштината и затоа нема задолженија за Агенцијата за филм – велат од Владата за Алфа.

Претходно, од Јадран Филм испратија јавно писмо до премиерот Заев во кој нагласуваат дека  македонската влада, под чие раководство е Агенцијата за филм, крие дека правосилно ги изгубила споровите. Агенцијата за филм, со која тогаш раководеше Горјан Тозија го раскина договорот на 27 септември 2017 година со Јадран филм, односно  снимањето на ТВ серијата „Македонија“.  Во писмото стоеше дека Тозија противзаконски го раскинал договорот, заради тоа што, како што вели „Јадран филм“ им нудел противправно стотици илјади евра за да го раскинат договорот, но тие одбиле. Две години подоцна,во ноември 2019, Врховниот суд го прогласи за ништовен раскинот на договорот.

Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која нам ни е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте-наведува Винко Грубишиќ – „Јадран Филм“.

Владината Агенција за филм веќе две години одбивала да ја спроведе судската одлука велат од „Јадран филм“.  

Ова е пример за најтежок корупциски скандал, за беззаконие, во кое владина Агенција не признава правосилни пресуди на судот на државата, државата во чија сопственост е Агенцијата, државата со Влада во која Вие сте Премиер. Државни службеници со фалсификати и антидатирани документи се обидуваат да спроведат примитивна измама, делуваат како интересна фаланга на Горјан Тозија, недостојна ни за шибицари на локалните пазари – наведува Винко Грубишиќ – „Јадран Филм“.

Во писмото, Јадран Филм предупредува дека доколку Владата не постапи и дозволи ваков терор, ќе преземат порадикални чекори па дури и ќе поднесат тужба пред сите меѓународни судови, од Вашингтон до Луксембург.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста