Зошто уште ја нема торбата „Луј Витон“?

Боки 13ка, Катица Јанева и Зоки Кичеец добија казна затвор, ама парите од Луј Витон торбата уште ги нема. Пари спакувани во снопчиња ставени во луксузна торба покриени со модни магазини беа изнесени од куќата на Јордан Камчев, парите ги нема, а ја нема ни торбата. Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Рускоска вели парите биле однесени во домот на родителите на Боки 13ка, а торбата не знае каде е.

Парите и сликата од парите на едно сако наредени и сликани. Се вршеше вештачење на телефонот на Боки, според локацијата, точно се утврди дека е во домот на неговите родители. Според GPRS локацијата на телефонот кога ја прави снимката. Апсолутно имам докази дека откако се земени парите завршиле во домот на родителите на Бојан Јовановски рече Вилма Рускоска – обвинител.

Според обвинителката, парите од домот на Камчев биле однесени во семејната куќа на Јовановски, а каде се сега, дали се потрошени и како се потрошени одговор нема. Ги нема ни парите од случајот Меѓународен сојуз, пари дадени од бизнисмени, Рускоска вели нема информација каде се тие пари, ама препоставува.

После тоа си го реновира живеалиштето со многу скап мебел, со многу скапи уметнички слики, за гардеробата веќе да не разговараме, знаеме сите..Потоа знаеме сите колку чини една телевизија 70-80 000 евра месечно. Парите, можеби не сите, ама добар дел се тука потрошени рече Вилма Рускоска – обвинител.

Боки 13ка на судењето Рекет рече парите рекетирани во Македонија да се бараат кај власта односно кај лица кои раководат со владата и нивните семејства, но Рускоска вели немало докази за такво нешто. Не се отвори посебна истрага за ова обвинување на веќе осудениот Јовановски, но врз база на слични сведоштва од обвинети се изгради целиот случај за 27 април.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста