Зошто судијката Мери Дика го дала нејзиниот пасош за враќање на такса за производи купени од мајката на Боки 13, кога тројцата биле во Милано?

Зошто апелационата судијка Мери Дика го дала својот пасош за враќање на такса за производи кои ги купила мајката на Боки 13, кога тројцата биле во Милано? Обвинителството за гонење организиран криминал не кажува какви производи од Милано купила мајката на Боки 13 првоосомничен во Рекет, за што со пасошот на судијката и нејзина пријателка Мери Дика побарала да и се врати данокот.

Враќањето на такса е за производи кои се над 50 евра, но колку чинеле конкретните производи нема одговор, а истите не се наведени ниту во доказите за случајот Рекет, бидејќи станувало збор за шопинг на мајката на Боки.

Останува отворено прашањето зошто судијката го дала својот пасош за на нејзино име да се врати данокот, ако како што тврдеше вчера во судницата станувало збор за производи кои не биле многу скапи.

Вчера Мери Дика во судницата во својство на сведок објаснувајќи за патувањето во Милано заедно со Боки 13 и неговата мајка рече:

– Мојот син пет години живее во Милано. Имаме патувано во Милано со мајка му на Бојан и во еден наврат и го дадов пасошот на мајка му за да и вратат такса за два производи, рече таа.

Апелациската судијка Мери Дика Георгиевска е долгогодишна пријателка на мајката на Боки 13 и негова кума. Нејзината сестра Агапи Дика, претседаваше со Собранието на Меѓународниот сојуз, невладината на Боки, за која обвинителството за органзиран криминал напиша обвинение за финансиски малверзации.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста