Зошто Османи и Ковачевски бегаат од соочување со пратениците за преговорите со Бугарија?

Со случувањата во Битола, Македонија докажа дека е територија без стопан… Секој може да дојде кога сака и во какво сака својство и да отвора клуб кој ќе создава понижувачко чувство за Македонија, а државниот врв молчи. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Бујар Османи . Пратеникот Антонио Милошоски во изјава за Алфа порачува никој да не брза да отвора Устав или да прави дополнителни концесии бидејќи во следните 10 години ниту една земја во регионот нема да стане членка на ЕУ.

Првиот човек на Алијанса за Албанците вели дека не може да го прифати фактот што Бугарија не го признава македонското малцинство… Села вели дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ.

Но не е само опозицијата, против Ковачевски и Османи сега се креваат и нивните коалициони партнери. Пратеникот Павле Трајанов кој прво даде амин за потпишување на Договорот за добрососедство, бара власта да ја редефинира стратегијата за преговори со Бугарија, која како што вели била погрешна.Бараат се што е договорено со Софија да се каже во Парламентот.

Реагираат и од Партијата на пензионерите, кои се дел од владејачкото мнозинство. За нив присуството на бугарскиот премиер Петков и потпретседателката Јотова се провокација кон Македонците и навреда на жртвите на фашизмот. Бараат одлучна реакција од како што велат државното водство, без никакви отстапки од македонските национални интереси.

И додека политичките партии и од коалицијата и од опозицијата бараат одговорност од Османи и Ковачевски кои се дел од преговорите во официјална Софија.Досега ниту од Влада ниту од СДСМ не сакаат да одговорат зошто се дозволи бугарските власти од македонско тло да ги навредуваат Македонците, а уште повеќе што беше претставено како чин на добри односи…

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста