„Зошто не“ протестираа пред седиштето на СДСМ за разрешувањето на Зибери, го потсетија Заев кој го направи премиер

Движењето под името „Зошто не“ кое стана познато во јавноста благодарение на кампањата за прв премиер Албанец во Македонија, денеска да ја збогати својата политичка агенда, се стави во одбрана на разрешениот директор на скопскиот Центар за Јавно здравје Арбен Зибери. Одржаа протестот пред седиштето на СДСМ, од каде го изразија незадоволството од политиките на екс премиерот Зоран Заев.

“Г-дин Заев, кажете ни само една причина за разрешување на Др. Зибери – се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на кризата со Корона” – велат од движењето „Зошто не„

И овој пат, младите Албанци не ја пропуштија можноста да ја спровнат тезата дека Албанците се уште биле граѓани од втор ред. Упатија и критики кон Заев  дека цели, на како што велат – евтини македонски гласови. Меѓудругото не заборавија и да го потсетат како станал премиер пред три години.

“Во 2016 година, многу Албанци гласаа за СДСМ – затоа што ветивте еднаквост, ветивте општество за сите. Во 2016 година однапред ви ја дадовме довербата. Ви ги дадовме нашите гласови.Вие станавте премиер само заради албанските гласови. – велат од движењето “Зошто не”.

На тема разрешување на Зибери, денеска се произнесоа и од ДУИ. Од партијата велат дека доколу фејсбук статусот на Зибери бил дискутабилен – тогаш, половина од министрите на СДМС одамна требало да бидат разрешени.

“Ако дискутабилната изјава на Фејсбук е причина за неговото разрешување, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, требаше да се повлечат од своите позиции неколку пати до сега.” – вели Адеми.

Адеми најави формирање на висок суд за еднаквост и антидискриминација кој би имал целосна моќ на Врховен суд и ќе може да ги поништи дискриминаторските одлуки на сите државни институции.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста