Зошто државните институции не ставаат потпис за ковид центарот „Мала Богородица“ да почне да прима пацинети?

Зошто власта се брзаше за прогласување на кризна состојба кога државата го кочи функционирањето на новиот ковид центар на приватните болници? И по десет дена кризна состојба се уште се чекаат потписите од МВР, Министерството за транспорт и ЦУК. Зошто, е нејасно. Министерот за транспорт Бочварски за денеска најави состанок поврзан со одобрувањето на потребните дозволи без кои новиот ковид-центар „Мала Богородица“, која веќе е целосно опремена, не може да започне со приемот на пациентите. Но, за Бочварски е најважно што законот бил изменет, не и тоа што ковид центрите не можат да се отворат.  

“Важно е, што во Собранието ги донесовме измените во Законот за градење каде што ги олеснуваме сите постапки за поставување на монтажните ковид центри и болници.” – рече министерот Бочварски.

Од Министерството за здравство за Алфа побрзаа да објаснат дека дозволите и одобренијата за старт на работата на ковид центарот “Мала Богородица” не ги дава ресорното министерство. Ниту пак потпишува договри со приватните здравствени установи. Ја лоцираат одговорноста кај ЦУК, министерството за транспорт и МВР. Тие морале да потпишат.

Како ќе тече процедурата и каде е кочницата за старт на ковид центарот побаравме одговор и од ЦУК. Првиот човек Стојанче Ангелов ни вети дека ќе ни ги каже деталите, но до почетокот на овие вести не добивме никаква информација.

Инаку, приватните болнции и министерот Филипче имаа средба  минатата недела. Каде се договрија дека во стара Систина ќе се лекуваат ковид пациенти. Капацитетот ќе биде 100 болнички кревети. Девет дена подоцна од “Аџибадем Систина” информираа дека ништо не е ставено на хартија. Писмен договор нема, а болницата е целосно подготвена да ги прими првите пацинети.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста