Зоран Заев доцна синоќа ги објави предлозите за министри од коалицијата “Можеме”

Во изјавата за медиумите што ја имаше доцна синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги соопшти предложените кандидати за министри во новата Влада од коалицијата “Можеме” кои беа прифатени од Централниот одбор на СДСМ.

За претседател на Владата како што најави и во претходните изјави е Зоран Заев, додека потпретседател на Владата за борба против криминал и корупција, за одржлив развој и човечки ресурси е предложен Љупчо Николовски.
За потпретседател на Владата за европски политики како предлог е Никола Димитров, досегашен министер за надворешни работи.
Фатмир Битиќи ќе застане на позицијата
потпретседател на Владата за економски политики, а на министерското место во Министерството за внатрешни работи се враќа Оливер Спасовски
Радмила Шеќеринска останува во Министерството за одбрана, како и Венко Филипче кој повторно ќе биде министер за здравство.
Мила Царовска сега ќе го преземе министерството за образование и наука, додека на министерското место во министерството за труд и социјална политика ќе дојде Јагода Шахпаска.

На чело на министерството за транспорт и врски ќе застане Благој Бочварски, а на министерството за култура – Ирена Стефоска. Бојан Маричиќ ќе биде новиот министер за правда.

Зоран Заев најави дека од редовите на Коалицијата „Можеме“ доаѓаат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определен од политичката партија БЕСА, како и министерот за локална самоуправа од ЛДП.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста