Зоран Кастратовиќ е новиот тренер на „Металурзите“

Македонскиот ракометен гигант Металург конечно има нов тренер, а тоа е црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ.

Тренерското столче на тимот од Автокоманда беше празно по заминувањето на Дамир Стојановиќ, а Кастратовиќ беше една од желбите на клупската управа. Двете страни ги имаа првите контакти, договорена е соработка, а се чека само официјализирање на договорот. Управата на Металург се надева дека Кастратовиќ ќе ја подобри играта и резултатите на тимот од „Автокоманда“.

Зоран е сопруг на легендарната ракометарка на Кометал Индира Кастратовиќ, а во минатото ги водеше Кометал, Вардар, Сутјеска, Ел Џаиш, а беше и селектор на репрезентациите на Црна Гора и Иран.

Металург се подготвува за настапите во ЕХФ Купот, каде е во последната квалификациска рунда пред групната фаза, меѓу носителите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста