ЗОО Скопје ги отвори вратите за посетителите

Вратите на Зоолошката градина во Скопје од денеска се повторно отворени за посетителите. Граѓаните ќе може да ја посетуваат секој ден од 9 до 16 часот.
Посетителите ќе мора да се придржуваат на новите протоколи за работа и движење низ Зоолошката. Дел од мерките во протоколот се носење маска при влез, чекање ред на растојание од 2 метра;, строго е забрането хранење и близок контакт до животните. Освен тоа одржување дистанца меѓу посетителите е задолжително, а нивниот број ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани. Онлајн продажбата на билетите засега е одложена барем до 20 јуни.
Од зоолошката за Алфа велат денеска имале околу 100 посетители. Поради епидемијата скопската Зоолошка градина беше затворена 2,5 месеци. Периодот бил искористен за дезинфекција на живеалиштата, а се реновирале и делови од градината.
Викторија Миткова