Златев: Обвинението кон мене е нарачано или од Заев или од Димовски
Новинарот Љупчо Златев во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа истакна дека тој самиот е жртва на нарачано обвинение за одавање на државна тајна од премиерот Зоран Заев или од директорот од Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Тој го напомена случајот со Ден Дончев кој беше првиот македонски политичар фатен на камера како зема пари и за него обвинителството се уште нема покренато постапка, додека новинарите се третираат како државни непријатели број еден.
-Јас сум на суд затоа што напишав една сторија, една статија за тоа како монструозно службите во нашата земја се пресметуваат со своите неистомисленици кои работат внатре во службите. Јас објавив документи за тоа како се вршела селекцијата во Агенцијата за национална безбедност, селекцијата која претходно ја вршеше УБК. Поточно јас објавив еден случај во кој еден млад човек бил исклучен од својата работа во службите само затоа што неговиот татко присуствувал на протестите против промената на името. Се работи за класична политичка пресметка и кршење на човекови права. Во самите документи кои што јас ги објавувам има и монструозни местенки дека господинот Љупчо Христовски татко на Бојан Христовски кој аплицира да работи во АНБ, внатре во документите лажат дека господинот бил лидер на „Тврдокорни“ некоја си организација, а тој тврди дека нема никаква поврзаност со таа организација, вели Златев и потенцира:
-Јас направив интервју со овој човек кој сето ова ми го тврдеше пред камера. И сега обвинителот тоа интервју го ставил како дел од објавувањето на службена тајна и сега мене ме судат и за направено интервју. Замислете до каде оди парадокосот, можеби утре и вас ќе ве судат за ова интервју кое што сте го направиле со мене. До таму оди цензурата во нашето општество која ја прави обвинителството.