Жителите од Иловица и Штука со жив ќе се борат против отварањето на рудникот за бакар и злато.

Со жив штит мештаните на Иловица и Штука ќе го бранат  местото каде што  компанијата Еуромакс рисорс сака да  отвори рудник за бакар и злато. Гневни на одлуката на управниот суд донесена во полза на компанијата, селаните на овие две села  во подножјето на планината Огражден најавија масовни протести.

-“Сега народот масовно ќе се дигне. Тука ќе стане катстрофа.тука ќе падне крв.”-изјави Сандо Иванов-жител на Штука

-“Дали размислуват што ќе направат. Ќе видите колку луге работат во нивите. И ако се дозволи тоа да се направи, ние не треба да постоеме овде”-изјави Нако Горгиев жител на Иловица

Како еколошката студија, така и  одлуката на управен, вешто се криеше од очите на јавноста. Управниот суд,тужените во случајот владата и министерството за економија речиси месец и половина овој документ донесен во вонредни услови, го чуваа во тајност.

Изјава-Костадин Ристоманов-прет.на НВО Еко Долина-Ново Село и член на Управен одбор на НВО Здрава котлина-Струмица

-“Адвокатот кои што пишуваше предлог кривични пријави кон нашите активисти,ги бранеше интересите на Еуромакс, сега тој истиот адвокат кој е во улога на заменик министер треба да напише жалба против Еуромакс кој го плаќале до пред една година. Како ние да очекуваме од генералниот секретар на владата којшто беше прв адвокат на истата компнијаи беше забележуван во ноќните саати во Ново Село како агитира за населеното своите имоти да ги продаде на концесионоерот. Како ние сега да очекуваме од него, тој како правник правилно да ја напише жалбата” –изјави Ристоманов

Проектот предвидува ,над Штука и Иловица да се изгради  брана во висина од 276метри  за складирање на токсини. Aktivistite tvrdat  доколку istata попушти може да  ја контаминира, но и и трајно да ги уништи почвата и водите во целата Струмичка котлина. Најголем страв создава прашањето околу користењето на сулфурна киселина и цијанид. Селаните кои егзистираат исклучиво од одгледување на компир и други раноградинарски култури тврдат дека  компанијата Еуромакс со пари успева да  регрутира институции, функционери, дури и нивни соселани, vraboteni vo firmata не одат на работа, а земаат плата.

-“Народот е поделен.неколку луге сакат рудник,неколку не сакат.тоа треба да го одлучи државата”-вели Трајчо Митов-жител на Штука

“-Производството не оде ништо, а ние сега сме запослени, не работеме а рудникот не плаќа. Зелката и компирот имат слаба откупна цена и ние затоа сакаме да има рудник”-вели Кољо Илиев-жител на Шутка

Додека разговаравме со жителите на Штука и Иловица бевме сведоци и на транспорт на необележени дрва, за кои нашите соговорници тврдат дека се сечени во концесискиот простор. Речиси цела година чекаат министерството за земјоделие  да им одговори дали ова е согласно законот. Од невладината Еко долина објаснуваат дека Евромакс е компанија која не стопанисува со ниту еден рудник. Ги нерекоа предатори чија цел е да добијат концесија, за подоцна истата да ја продадат на рударска компанија. Таков  сучај е регистриран во Грција каде што откако ги добиле потребните документи, рудникот го продале за 2милјарди евра.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста