Жителите од булеварот „Туристичка” во Охрид против изградба на нова висококатница

Жителите од 1.000 станбени единици во Охрид,се кренаа на нозе- на Булеварот ‘’Туристичка’’ во населбата Билјанини извори во дворно место на комплекс згради каде што живеат пред нос ќе им никне, висококатница. Просторот каде што треба да се гради објектот е опустошен, отсечени се сите дрвја,на терен е донесена и градежна механизација,а од денес локацијата е и загадена.

Жителите тврдат дека инвеститорите имаат дозвола за градба,но имотно правните односи за земјиштето не се решени-за нив спорна е сопственоста.

– Ние фактички немаме приод до нашите станови, треба да летаме да речам. Немаме пристап, како да висат нашите станови. Пристапниот пат се загрозува,ние за сето ова бараме на сите страни.4 пати одбиено е нивното барање и сега по 5-ти пат општината се охрабрува и му дава право за градба.

– Јас и мојата фамилија живееме тука на први спрат.Зградава што ќе се прави ние можеме со комшиите здраво да фаќаме.Многу сме ревболтирани, јас не можам ноќе да спијам а кој ќе ги трпи нив цела година тие гробници овдека да прават.

Станарите прашуваат како ова национализирано земјиште добило статус на градежно земјиште кога спорните сопственици на два пати биле обештетени,прват со пресуда од Врховниот суд,а потоа уште еднаш во 2015-та година со пресуда на Апелационен суд .

– Во една прилика му дадоа два стана,му дадоа плац под болниците, сите станари можат да го потврдат тоа и 2015-та година дополнително уште 63.000 евра му дадоа и рачунаме дека тие се целосно обештетени.

Свесни дека на објектот тука не му е место,од општината се оградуваат, велат дека се гради сега веќе на приватен имот според убанистички план донесен пред 8 години,и признаваат дека на инвеститорот му е дадено одобрение за градба на 4.07.2018-та.2000 станари кои што се безгласна буква за институциите сега уште ќе треба да му платат на инвеститорот 200.000 евра штета.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста