Жители на Мичурин живеат во влага и распаднати тавани, нивната зграда треба да се срамни со земја и да бидне булевар но само на хартија

Урнати тавани, уништени ѕидови, проблеми со одводната канализација и чести поплави. Со ова секојдневно се соочуваат станарите во зграда стара повеќе од седум децении на влезот на една од најурбаните општини во Скопје.

На местото на зградата треба да има булевар, така предвидува деталниот урбанистички план на Општина Аеродром од 2013 година. Но никогаш не се изградил а станарите останале во субстандардни услови. Имено било оставено на нив да си најдат инвеститор кој ќе направи нова зграда каде тие би живееле кога на местото на сегашната ќе биде булеварот. Но формално правните лавиринти за добивање дозвола за градба за новата зграда ги заковале во оваа – каде немаат нормални услови.

На горните катови протеекува кровот во сите станови, фасадата е огулена, не само до цигла туку до трска затоа што таков бил начинот на градење тогаш нема бетонска плоча ни измеѓу спратовите ни на најгорниот кат. Протекува од сите страни, на приземје становите се соочуваат со проблеми на одводната канализација. По четири пати годишно ги викаме надлежните од водовод да дојдат и да ги прочистуваат одводите, затоа што се запушуваат не само во шахтите туку и во становите. Неверојатно се малтретираме не можеме веќе да поднесеме – вели Светлана Филиповска

Се жалеле и во град Скопје и но им дале неодреден одговор нагласувајќи им дека нема предвидено средства за реализација на планот.

Живеат во страв како и понатаму во влага а доаѓа есен па зима. Не се откажуваат, ќе ја бараат правдата до крај.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста