Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, денеска од Крушево порача дека како прв, непартиски и независен премиер ќе биде на располагање да им служи на граѓаните, а основна задача ќе биде, како што рече, Владата да работи за граѓаните, да стави крај на партискиот режим и да создаде подобри услови за сите.

-Ќе бидам подобар премиер, за сите граѓани. За Албанците, Македонците и за сите вас. Како непартиски премиер, ќе се посветам на вас, на граѓаните и единствена моја обврска ќе биде да ја направам Северна Македонија подобра земја. Со поголем просперитет, со поквалитетен живот, со поголема транспарентност и со вистинска еднаквост – рече Зибери.