Зибери: Мултиетничка химна и задолжителен албански јазик во училиштата

Ја критикуваше идејата за премиер Албанец и велеше дека е неатрактивна, а сега кога официјално стана кандидат за мандатар, од центарот на Скопје побара промена на химната и задолжително учење албански јазик од петто одделение. Со импровизиран кабинет на промоцијата пред владата фаворитот на ДУИ Насер Зибери истакна дека химната треба да ја отслика мултиетничката реалност, а Рамковниот Договор да биде прогласен за празник. Одлуките во десет стратешки институции според него треба да се носат консензуално со врзани потписи. Меѓу нив Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност, БЈБ.

“Предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира оваа разновидност, затоа што овој симбол не треба да биде симбол на исклучивост и нееднаквост, туку на сеопфатност и еднаквост”рече Зибери.

Во програмата за првите 100 дена вети и плата од 600 евра за дел од медицинскиот кадар и наставниците..Половина работно време во петок, ветинг на судии и политичари, субвенционирање социјални придонеси, укинување даноци.

Фаворитот на ДУИ изминатиот период беше прозиван за ставовите дека идејата за премиер Албанец не може да предизвика радикален пресврт во расположението на гласачите. Не објасни што го натерало да ја прифати поканата на Ахмети, а во своите изјави не гледа контрадикторниост. За реализација на идејата смета дека ќе биде потребен коалициски договор.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го отфрлија ваквиот концепт,  опозициските партии на Албанците во ова гледаат политички маркетинг.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста