Живот даде за Македонија, но никаква почит за возврат- 20 години од загинување на полицаецот Цоки

Животот го даде за оваа земја, во која ние сите живееме.Само хероите тоа го прават, вели Лазо Стојановски, таткото на Цоки Стојановски.

Го даде животот за Македонија, но, државата го заборави.Синот на Лазо Стојановски,Цоки, загина на денешен ден за време на конфликтот во 2001-та,при извршен напад врз полициски пункт во Тетово.Семејството сите овие години,само организира помен,и со свои сили и средства го чествува неговиот спомен.Таткото Лазо, крајно разочаран,што државата за која го даде животот, вака му враќа.

-Синот мој херојски се бореше, дури и со прострелна рана се врати и продолжи да се бори до крај на животот..државата тотално ги заборави.20 години јас немам никаква помош од државата.Се што ги правиме овие помени ги правам со сопствени средства, никогаш државата ништо не ми помогнала, изјави Стојановски.

Пред споменикот на Цоки,во дворот на сообраќајната полиција, кој го има подигнато лично семејството, денеска се положуваше цвеќе.Разочараност за односот на државата кон сите бранители во овие изминати две децении, изразија и во Одборот на бранители.

-Без учество на бранителите во 2001, државата ќе беше одамна поделена, народот од православна вероисповед од овие простори, денеска ќе беа во овче поле..Бранителите го дадоа се она што можеа да го дадат, повикани од државата,но, државата не им се оддолжи, вели Мартин Најдов од Одборот на бранители.

Полицаецот Цоки Стојановски, загина на 28 годишна возраст,бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.На денешен ден, одговори на својот последен предизвик,бранејќи го родното Тетово.Зад себе остави сопруга и две мали деца.

Милена Вучевска