Жителите од населбата Хром денеска излегоа на протести против урбаниот хаос

Додека им ќутиме ќе се богатат, доста ни е од урбаното дивеење – ова го порачаа денеска жителите на населбата Хром во Ѓорче Петров гневни на Општината, која како што велат веќе го спроведува планот за изградба на стотина згради, и наместо со зеленило, сега се опкружени со бетон.

Урбанистичкиот план предвидува 100 нови згради, институциите немаат капацитет да ги сервисираат потребите на жителите, во однос на паркинг места, градинки, училишта. Градоначалникот Наумовски тврди дека површината на зеленило изнесува 14 000 метри квадратни но освен една зелена полјанка, не е останато ништо друго – вели Горан Костов од Иницијатива против урбаното дивеење.

Жителите разочарани од градоначалникот кој како што велат, пред да го добие својот мандат им ветувал дека ќе спречел неконтролирано градење. Моменталната ситуација ја опишуваат како урбан холокауст.

Новата власт ја стекна довербата на гласачите дека ќе престане урбаното дивеење а сега сме сведоци на урбан холокауст, само се градат згради, а инфраструтурната мрежа е стара и не е намента за толкав број население, жителите имаат проблем и со водоснабдување, куќите ќе останат без вода – вели Цане Апостоловски – жител на населба Хром.

Обвинуваат и од советот на Општина Ѓорче Петров дека е тотално нарушено хуманото живеење а градоначалникот не ги исполнил предизборните ветувања. Велат, дел од стотте згради согласно Деталниот урбанистички план се веќе изградени, а дел допрва ќе се градат.

Адријана Алекисеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста