Жителите на Љубанци без вода- полнат котли за основна хигиена

Полниме котли за да основна потреба 10 с влез вака во 21 век живеат околу 200 жители во селото Љубанци. Тие за време на високите температури преживуваат во сурови услови, редовно плаќаат сметки за вода , но вода немаат… Влечат полни канти од природниите извори за да одржуваат лична хигиена . Се случувало и по месец дена на температури од + 40 да бидат без основното сретство кое е неопходно за живот.

Жителите посочуваат во овој период од годината маката е уште поголема бидејќи школската година е почната , а дечињата кои одат на училиште треба секојдневно да бидат испрани и чисти, се пожалите и до надлежните , но слух за нивиниот проблем нема никој .. Тие се прашуваат кој си земал за право да ја завари шахтата и да го сопре вентилот, па селото да остане без капка вода.

Жителите посочуваат дека на планината близу до селото имало извори кои според нив можат да бидат искористени за поголем доток на вода. Постојат многу решенија но никој не сака да се ангажира и да помогне алармираат тие.
Од 2012 година Јавното препријатите Водовод и Канализација ја презема обврската за одржување на водоводниот систем во селото кое не се снабдува од изворот Рашче, туку има сопствени извори. Селаните не испратија со надеж дека надлежните конечно ќе најдат решение за нивните маки. Во меѓуврме им останува да се молат да заврне дожд , водата да ја собираат да ја топлат за така да одржуваат хигиена и да ги пратат децата чисти во училиште.

Јована Грчева