Жители од куќите околу пералната на крстосницата меѓу „11 октомври“ и „Илинден“: Не можеме да спиеме и нормално да живееме од бучавата
Преку ноќ им никнала автоперална до дворот, која нема дозвола да постои.
„Семејствата кои живеат во куќите зад мене веќе неполна година имаат проблеми со бучавата која ја создава автопералната која е незаконски изградена“
Изградена е до нивните куќи, на раскрсницата меѓу улиците 11 Октомври и Илинденска. Велат дека сопственикот нема право да работи затоа што инспектор веќе излегол на терен и констатирал дека е незаконски изградена. А наместо тоа, перална 24/7 функционира слободно.
Една од сопственичките на околните куќи, Катерина Цонева вели дека градоначаланикот Стевче Јакимовски не постапил по одлуката на надлежниот и овластен градежен инспектор на општина Карпош кој констатирал незаконски изграден објект.
„Веќе една година се соочуваме со проблем сите жители на куќите со поставена изградена автопорална, која нема одобрение. Се соочуваме со огромна бучава, со проблеми со електричната енергија, издувни гасови, не се поврзани на одводна канализација, туку водата понира во дупка“, рече Катерина Цонева, жител од Карпош.
Телевизија Алфа се обиде да добие одговор од градоначаланикот зошто досега не е постапено по решението на градежниот инспектор, како и инспекторката за урбанизам, која исто така констатирала зголемено ниво на бучавост од законски дозволеното.
„Инспекторката по извршеното мерење на бучавост, на наш трошок не задолжи, измерени се 74 децибели, што е многу над дозволените износи и ги казнува само со 500 евра. Потоа повторно имаме мерење од акредитирана фирма по налог на општина Карпош и по тоа мерење се утврдени децибели над дозволеното и инспекторката наместо да донесе решение бидејќи има овластување за тоа согласно законот за заштита од животна средина, од бучавост од животна средина, таа повторно ги казнува со платен налог и постапката ја отстапува на друга институција“, рече Катерина Цонева.
Инаку за овој проблем се зборувало и на седница на Советот на општина Карпош.
„Па нека земе шмајзер и нека ги утепа“,
Побаравме став и од сопственикот, но луѓето кои ги затекнавме таму прво ни кажаа дека тој не е тука, а откако се јавија на телефон, ни објаснија дека автопералната нема вработени и дека луѓето самите си ги миеле возилата.
Љубиша Владимиров