Жители на Ѓ. Петров обвинуваат за насилничко носење на деталните урбанистички планови

Воздухот во Македонија вчера и денеска како во гасна комора критикуваат граѓанските иницијативи. Кавадарци на врвот помеѓу македонските градови со најзагаден воздух, вчера со 527 микограми ПМ10 честички на кубен метар. Во Куманово измерени 310 микрограми ПМ10 честички во воздухот, а слична е сликата и во Битола и Тетово. Аерозагадувањето неколку пати над дозволената граници и во општините во главниот град.

Граѓаните од Ѓорче Петров се гневни на општината бидејќи, наместо зелени површини ,  општината подготвува нов детален урбанистички план за 10 и 20-катници на зелен појас спроти пазарот во Ѓорче Петров. Според  граѓанската иницијатива  „Против урбанистичкото дивеење“ тврдат дека  јавната анкета била спроведена тајно од 19 ноември до 2 декември минатата година, како што велат, далеку од очите на јавноста, бидејќи ниту еден граѓанин не се изјаснил а нема ниту поднесено анкетни листови.

Зошто општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски планираат нови облокодери спроти пазарот каде што моментално се паркираат граѓаните на државно земјите? Со овие облакодери нема да има доволно струење на воздухот од Лепенец со тоа дополнително ќе се зголеми аерозагадувањето. Не е  испланирано ниту ново зелени, нови градинки и училишта, собраќаен режим и приклучок на булеварот. Деталниот урбанистички план во Хром каде што се вцртаа 100 нови згради, ДУП во Дексион каде што се вцртаа  згради со 17 ката и 60 метри висина како и овој УП дозволува централно јадро на општината да биде градежна зона укажува на тоа дека урбаната мафија царува со нашата општина -рече Костов Горан-Граѓанската иницијатива „Против урбанистичкото дивеење во О. Ѓорче Петров“.

Од граѓанската иницијатива велат дека за ова ангажирале и адвокат, а наредната недела ќе побараат и ревидирање на овие урбанистички планови пред надлежните судови. Доколку општината повторно остане глува на нивните барања граѓаните се заканија и со протести.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста