Жители на Черлопек: Кујтим бепе мирно мало дете од работливо семејство,се плашиме за нашите роднини во Австрија

Македонија втор ден е главна тема во светските медиуми,по терористичкиот напад во Виена, кога беше убиен џихадистот Кујтим Фејзулаи, со потекло од тетовско.Но,кое е 20 годишното момче?Во Челопек владее вознемиреност кај мештаните, оти неправедно  е велат,што селото и државата се оцрнети поради ова,а неговото семејство речиси три децении не живее овде.Кујтим пак, не го познаваат, оти ниту се родил, ниту живеел, ниту пак се образувал овде.Дури и многу ретко, само неколкупати, како мал, доаѓал со родителите.

Сите соселани се во неверување.Семејството Фејзулаи важело за чесно и мирно, па нејасно им е како Кујтим тргнал по лош пат, раскажува Илјази Ремзи, кој одреден период работел со неговото семејство во Австрија.

Ова позади мене  е куќата на семејството Фејзулаи во Челопек.Веднаш во непосредна близина живее и неговиот дедо, со кого поразговаравме, но не сакаше да зборува пред камера.Ова и за него е вели шок и неверување.

Инаку, Челопек е едно од најголемите села во тетовско.Но речиси половината се исселени и со работа во странство.Голем процент токму во Австрија.Сега стравот е како ќе се одрази целата состојба, токму на печалбарите во оваа земја.

Милена Вучевска