Жители на Бардовци: Ќе ја блокираме улицата ако „Центарот за странци“ продолжи да се гради

Не стивнува револтот кај жителите на Бардовци за градењето нов објект „Прифатен центар за странци“ на периферијата на населбата. Случајно дознавме за новиот објект кој се гради, никој не не извести сведочат граѓани кои живеат во непосредна близина. Локалната власт прво негираше дека нешто се гради, па откако ги испративме фотографиите градоначалникот, Стефан Богоев,  не убедуваше дека тоа ќе биде транзитен центар- вели за Алфа еден од локалните жители. Се закануваат со блокирање на патот до Центарот ако градењето продолжи.

Капацитетот, според наши информации, жители кои работат во ЕУ, таму тој ќе биде камп за 2-3 илјади луѓе кои ќе се стационираат. Е, сега дали ќе биде транзитен или дали тука ќе бидат подолго време тоа не знаеме. Едноставно меѓу нас кои живееме тука, а има и тензија помеѓу староседелците тие се воопшто не се информирани. Кај нив тензијата е уште поголема. Ние секојдневно одиме таму, работата и стопирана се работело 5-6 дена, и кога се слушна, кога почнавме да одиме малку е стопирана. Кога ќе почне, ќе се организираат жителите и на селото и населбата Бардовци и ќе се блокира патот-вели жител на населба Бардовци за Алфа.

И експертите со забелешки за нетранспарентноста на институциите за градењето на новиот објект „Центар за странци“. Според експертот за миграции, Златко Николоски, револтот кај граѓаните е резултат од ненавремено известување на жители од локалната власт и МВР.

-Револтот кој што се појавува кај граѓаните, причината за револтот јас ја гледам кај информирањето и транспарентноста, навременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. – Жителите се пожалија баш на тоа. – Апсолутно, јас тоа го гледам ако им се објасни на луѓето, за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми. Незнам зошто за вакви прашања еве поврзани со Прифатниот центар ненавремено се споделуваат од институциите- вели ПРОФ.Д-Р. ЗЛАТКО НИКОЛОСКИ- ЕКСПЕРТ ЗА МИГРАЦИИ.

И жителите и експертите гледаат простор овој објект да бил сместен на друга локација.

Тоа нас не не интересира, парите се исплатени, тоа може може да се направи на друго место, нас никој не не известил. Тоа може да се направи на друго место, каде е повеќе транзитно, покрај обиколница, условите се исти и тука нема струја помеѓу нивите на Бардовчани-вели за Алфа жител на населбата Бардовци.

Пред да се отворат и првите центри, и во Визбегово па и во Гази Баба, па и за овој проект за кој што зборуваме, стручни служби беа да посетат држави коишто имаат такви видови објекти и менаџирање на тие објекти, така што во Унгарија, во Германија посетени се голем број на прифатни и транзитни центри. Тука е разликата. И во Германија имате голем број прифатни и транзитни. вели ПРОФ.Д-Р. ЗЛАТКО НИКОЛОСКИ- ЕКСПЕРТ ЗА МИГРАЦИИ.

Наспроти тврдењата на жителите, според официјалните информации на МВР кои ги побара Алфа, новиот објект кој се гради е ист како  центарот во Гази Баба, со ист капацитет, и како што велат од министерството  е на одалеченост од над 10 километри до населеното место Бардовци. Изградбата на новиот објект ќе чини речиси 1,5 милиони евра, финансии обезбедени од националната ИПА програма за 2016 година.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста