Жичарите со дозволи но во Нижо поле нема снег

Природата на Баба планина с`е уште не е дарежлива со снег.  Иако Владата пред пет дена го запали зеленото светло за жичарниците по препорака на Здравствената комисија, љубителите на белите спортови не можат да се посветат на својата омилена рекреација. Екипата на Алфа денеска го посети ски- центарот “Нижо поле“, каде што нашиот објектив долови помала група на рекреативци кои со нетрпение го чекаат снегот.

  • Еве денеска малку рекреативно да откраднеме од пелистерскиот водзух и од сонцето, малку со фамилијата за да ги прошетаме дечињата.Инаку снегот кај да е ќе стаса, така да им препорачувам на битолчани да  се раздвижат и да ги наполнат батериите- рече еден битолчанец. – Избегнуваме гужва, ама ќе си доаѓаме малку на рекреација- рече неговиот сосед.- Се надеваме на снег, па ќе видиме. Сите сакаме снег, барем за малиот- рече неговата сопруга.

Стрежевци, иако доскоро не знаеја дали жичарите ќе работат, сепак, навреме ги завршија подготовките.

  • Навреме ја започнавме подготовката за претстојната зимска сезона, така да извршивме сервис на скилифтовигте, сменавме подвижна сајла и еден дел од електромашинската опрема. Бидејќи ги имаме сите предузлови за добра скијачка сезона, очекуваме да се почитуваат сите протоколи и да чподготвиме добар пречек-  рече Методија Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“.

Дали и колку ќе се  почитуваат здравствените протоколи во ски- центрите е сосема неизвесно, меѓутоа вљубениците на белите спортови нестрпливо го очекуваат снегот, додека големите европски играчи со белиот бизнис, с`е уште се во тешки дебати дали позитивните одлуки во интерес на туризмот, ќе отворат нови кластери или не, особено за божиќните празници кога ќе има милиони посетители.

–  Додека во Европа се кршат копјата дали трба да работат ски- центрите, Германците и Французите не сакаат, Австрија и Швајцарија веќе ги отворија ски- терените, а во нашиот Регион, во хор сите рекоа ДА- од  Словенија, Босна и Херцеговина, Црна гора, Србија, Бугарија па и Македонија. Сепак, кај нас останува прашањето на снегот, кога природата ќе биде дарежлива. Екипата на Алфа денеска беше во Нижо поле, меѓутоа, самиот објектив на камерата покажува дека нема снег.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста