Жетвата на јачмен со многу проблеми покрај повисоката откупна цена

Комбајните со полна пареа ги орат површините посеани со јачмен. Жетвата во штипско е во ек. Годинава приносите преполовани, но  трудот на земјоделците ќе се компензира со повисока цена. Ако лани килограм јачмен на стартот од жетвата се  откупуваше за помалку од 8денари, годинава  цената  е за 2 денари повисока. Сепак голем дел од производителите не се задоволни.

  „Пченицата најверојатно ќе се продава по цена од 12 или 13 денари. За јачменот откупувачите понудија 10 денари, но ќе видиме како ќе се одвива. Меѓутоа голем дел од производителите не се согласуваат со оваа цена. Според нас реална цена е 12 денари„-изјави Гоце Сарафимов, земјоделец од карбинскиот регион

Од ресорното мнистерство советуваат овогодинешниот род земјоделците наместо да го предаваат , да го складираат во амбарите. На тој начин ќе добијат на цена, бидејќи откупната цена сега е и најниска..

  „Сите оние кои имаат можност да го складираат јачменот и да чекаат малку подобра цена . Знаеме дека околу март ќе се постигне подоба цена и на јачменот и на пченицата„ изјави Трајан Димовски, заменик министер за земјоделие

Приносите се движат од 4 до 4,5тони но во зависност од регионот. Во штипски-карбинскиот регион родот е најмал. Лошите временски услови си го зедоа данокот, а производителите ќе бидат задоволни ако успеат да ожнеат по 2тони од хектар. Лошата откупна цена и слабиот род е причина  да се намалуват површините под житни култури. Податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека во изминатите два години за 1000хектари се намалени житните површини во државата. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста