Жестоки битки за Европа и за опстанок во ПМФЛ
Денеска се игра 30то коло Првата македонска фудбалска лига. Новиот шампион Шкендија гостува кај Работнички во меч кој за домаќинот има резултатско значење оти е на седум бода од посакуваната трета позиција, која носи излез во Европа. Таму моментно е Македонија ЃП која го дочекува Пелистер, и нема право на грешка бидејќи ќе отвори шанса за Струга да го презеде третото место доколку профитира на домашниот предизвик со Шкупи. Жестоки борби се очекува на останатите три пресметки од вториот дел на табелата, Академија Пандев-Ренова, Беласица-Силекс и Борец-Вардар. Беласица е веќе сигурен второлигаш, а разликата од претпоследниот Вардар до седморангираната Академија Пандев е само три бода.
КАТЕГОРИИ Спорт