Жестока кампања за вториот круг, власта го гледа Скопје како главен трофеј

Обвинувања за полициско следење на партиски активисти, црна лична кампања за кандидатите и нивните семејства, купишта ветувања, видеа од тепања по автопати, на кусо вака изледаше вториот круг од локалните избори, кој е побурен од првиот кој помина речиси мирно. Дел од познавачите велат дека без разлика на црната кампања која ја води власта, народот гледа и е способен да расудува вистини од лаги.

Има една ситуација во Македонија дека сите ние граѓаните сме најголемите слепци кои гледаат, а не смеат да ја видат вистината. Имаме таков третман. Јас сум апсолутно аполитичен меѓутоа јас живеам во оваа држава, досега не убедуваа и ние веќе сме убедени дека магарето лета е сега што треба да прифатиме дека магарето лета со се самар?

Покрај црната кампања која се води против независната кандидатка за градоначалник на Скопје, за која дел од аналитичарите велат дека е само обид на СДСМ да ги поврати изгубените гласови и да го ублажи поразот, вториот круг беше карактеристичен и по барем како што обвини опозицијата, мешањето на полицијата во изборната кампања.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека полицајци блиски до СДСМ формирале злосторничка група за време на изборната кампања која требало да следи членови на ВМРО ДПМНЕ за потоа физички да ги малтретира и да им го ограничи нормалното движење, МВР ова го демантираше иако опозицијата има и фотографии од вибер групата каде тоа се договарало, а од основното јавно обвинителство ги разгледувале наодите, но предмет засега немаат отворено.

За зголеменото присуство на полициски службеници ширум државата, предупредуваат и дел од познавачите, кој велат дека притисокот е за џабе.

Со резултатите од првиот круг од локалните избори веќе граѓаните без разлика на уцените, заканите. Значи во Битола, Охрид, имате Алфи, Тигри, имате црни возила, имате финансова полиција, инспекции пазарни, меѓутоа граѓаните не се ненормални, што треба уште да ни облечат лудачки кошули па да молчиме? Граѓаните го вклучија црвениот аларм и се убедени дека ќе му кажат стоп на ова зло.

Денеска е последниот ден од изборната кампања, официјално на полноќ започнува предизборен молк.

Мери Ѓеорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста