Жените сепак ќе можат да одат во пензија и на 62 години

Јавноста збунета – ќе одат ли жените во пензија на 62 или пак на 64 години? Министерката за труд Јагода Шахпаска порачува дека Законот за работни односи бил јасен дека сите, и мажи и жени треба да работат до 64 години. Сепак, жените се уште ќе можеле да се пензионионираат и на 62 години. Тој избор им го овозможува Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Од министерството за труд подоцна појаснија дека со измените се укинува само можноста да се продолжи со работа до 67 години, но не и жените да одат во пензија на 62 години со стаж од најмалку 15 години.

Министерката со уникатен одговор кон барањето на синдикатите недела да биде прогласен за неработен ден. Шахпаска потенцира дека исклучоци од ова морало да има бидејќи кравите морале да се молзат во недела за во понеделник да имало млеко или пак да се собираат јајца од кокошките на пример. Според неа, барањето на синдикатите во Законот јасно да стојат дејностите во кои нема да има одмор на овој ден само ќе го оптовареле законот.

И од Сојузот на синдикати потенцираат дека одредени дејности мора да работат во недела, но инсистираат на оние што нема да одмараат тој ден задолжително да им биде исплатена зголемена дневница. Министерката вели дека очекувала законот да стапи во сила на први јули, но не пред истекот на пандемијата. И додека синдикатите се натегаат со газдите и Владата, во екот на корона кризата без работа останаа 50 илјади луѓе, а пропаднаа 6 илјади фирми. Се пријавија и случаи за исплата на плата од само 2 денари месечно, а многу работници останаа без К-15 за минатата година.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста