Жена се здоби со тешки телесни повреди додека се движела по ескалатор во маркет


На 17.08.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив била донесена Ф.Д.(70) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди во маркет на ул.„Козле“, додека се движела со електричниот ескалатор. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.