Железници немале локотомотиви – една година нема воз од Скопје кон Тетово со крајна станица до Кичево

Кога бензините достигнуваат енормно високи цени, граѓаните не се ни во можност да го користат железничкиот превоз како поевтина варијанта, барем кога станува збор за западниот дел од Македонија. Речиси цела година не функционира релацијата од Скопје до Тетово, а потоа и до Гостивар и крајната станица во Кичево. Станицата во Тетово е затворена, а поставено е известување дека патничкиот воз времено не сообраќа.

На железничката станица во Тетово велат немаат овластување од дирекцијата да зборуваат со новинарите, но одговор нема ниту од централата на македонската железница каде се обративме преку електронска пошта и телефон.

Неофицијално причина за тоа што не сообраќаат возовите е што нема соодветна локомотива која ќе влече вагони за превоз на патници. Постоечките влечни локомотиви се стари по пет-шест децении и не се во функција. Од Тетово кон Скопје и кон Кичево во најдобрите времиња имаше по неколку линии дневно.

Инаку, за патување Тетово-Скопје потребни се само 120 денари или 192 денари повратен билет.  Ова укажува дека граѓаните се лишени поевтино патување во време на скапо гориво. Колку за споредба- само за патарини од Тетово кон Скопје и назад граѓаните трошат по 160 денари.


Железничката станица во Тетово беше реновирана во октомври 2020 година. Денес сме сведоци дека секојдневно се одржуваат железничките пруги. Но за железнички сообраќај изостанува главното-нема локомотиви и вагони.

Граѓаните велат-ако сакаме да личиме на Европа, токму железничкиот превоз е областа во која треба да се инвестира кога станува збор за удобно и евтино патување за сите луѓе.   

Анкета: Моите се на запад во Европа. И таму гледам дека многу се користи јавен превоз со железница. Таму е можеби поскапо од овде нормално но многу често има возови по повише пати во денот и се користи. И по селата и по градовите и они самите работаат ван од своето место принудени се да патуваат дали со воз, дали со автобус, дали со кола- таму многу многу повеќе се користи јавниот превоз. 

Пред неколку недели Србија на релација Белград-Нови Сад пушти во употреба воз кој достигнува до 200 километри на час.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста