ЖДРЕПКАТА ГИ ОДРЕДИ ГРУПИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЛЕ, КАДЕ ЌЕ ИМА ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

Со ждрепка денеска беа извлечени двојките за новата сезона во фудбалската Лига на Европа. Во фазата по групи ќе настапуваат четворица македонски интернационалци. Двајца од нив во меѓусебна пресметка. Извлекувањето во Нион  ги спои Наполи на Елиф Елмас и Риека каде настапува Дарко Велковски Ова е меч од група Ф каде партиципираат уште и Реал Сосиедад и АЗ Алкмар.

Аријан Адеми со Динамо Загреб е дел од  група К заедно со ЦСКА Москва, Феенорд и австрискиот состав Волфсбергер, додека нашиот млад репрезентативец  Агрон Руфати, кој е член на украинската екипа  Зарја, ќе биде дел од групата Г заедно со Брага, Лестер и АЕК Атина.

ГРУПА А: Рома, Јанг Бојс, Клуж, ЦСКА Софија
ГРУПА Б: Арсенал, Рапид Виена, Молде, Дундалк
ГРУПА Ц: Баер Леверкузен, Славија Прага, Хапоел Бер Шева, Ница
ГРУПА Д: Бенфика, Стандард Лиж, Глазгов Ренџерс, Лех Познан
ГРУПА Е: ПСВ, ПАОК, Гранада, Омонија                                                         ГРУПА Ф: Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар, Риека
ГРУПА Г: Брага, Лестер, АЕК Атина, Зарја
ГРУПА Х: Селтик, Спарта Прага, Милан, Лил
ГРУПА И: Вилјареал, Карабах, Макаби Тел Авив, Сиваспор
ГРУПА Ј: Тотнем, Лудогорец, ЛАСК Линц, Антверпен
ГРУПА К: ЦСКА Москва, Динамо Загреб, Феенорд, Волфсбергер
ГРУПА Л: Гент, Црвена Звезда, Хофенхајм, Слован Либерец