Зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во туристичките центри

Летните температури,напливиот на домашни туристи,раздвижноста и несовесноста на граѓаните кои не ги почитуваат препораките доведоа до драстично зголемување на бројот на заразени со Ковид -19 во туристичките центри. Загрижувачка е ситацијата во Струга, каде почнувајќи од минатиот викенд, секојдневно има двоцифрен број на заразени лица.

Струга е жариште уште на почетокот Струга, Лабуништа тој реон.Сега веќе се сконцентрирани на неколку села Радолишта,Франгово, Велешта,значи тоа се фамилии, семејства кои што ги имаме од контрола, меѓутоа бројката е голема- изјави Сашо Точко-дир.на Центар за јавно здравје.

Нови случаи на заразени има и во медицицинските установи,во Струга. Една медициска сестра oд гинеколошкото одделение во струшката општа болница и уште една која работела во Центарот за дијализа.

Ако ги затвориме одделите каде што се појавува заразата,ќе останеме без медицински персонал. Доколку се појават симптоми кај здравстевените работници во струшката општа болница и Центарот за дијализа, каде вирусот е дијагностоциран кај две медицински сестри веднаш ќе се превземат мерки. По извршената дизинфекција ,здравствените установи функционираат нормално.

Инаку, Ковид -19 го затвори Секторот за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Охрид. Засега нема опасност од ширење на заразата во останатите сектори во општината која нормалано функционира.

Не само во секторот за урбанизам ,на целата територија на општина Охрид и општина Дебрца имаме позитивни случаи на Ковид.Има одредено одделение како секторот за урбанизам каде што во одредени канцеларии биле луѓето каде што комуницирале и ако биле заштитени со маски, но поради предастрожност пуштени се дома -вели Сашо Точко-дир.на Центар за јавно здравје.

Од почеток на епедијата во Охрид и охридско заклучно со вчерашниот ден,заболеле 219 лица,8 се починати, а бројот на активни изнесува141.Во Струга и струшко  од почеток на епдимијата регистрирани се  300 заболени, 39 починати  и 191 активно лице.Епидемилозите со апел,да се почитуваат препораките бидејќи ширењето на заразата во Охрид и Струга , ќе  нема крај.

 Росица Голабоска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста