Зголемувањето на платите на специјалистите предизвикува раздор, сестрите најавуваат и протести

Или еднаквост или протести. Сестрите и болничарите контра лекарите специјалисти. И тие сакаат дел од колачот. Синдикатот на Клинички центар тврди дека најавеното зголемување на платите само за една категорија на медицински работници предизвикува раздор.

Од Унијата на медициснки сестри велат дека револтот е уште поголем бидејќи според секашната законска рамка, тие воопшто како и да не постојат. Од таму најавија дека ако не бидат чуени нивните барања, ќе излезат на протест.

Здравствените работници преку здруженијата порачуваат дека доколку значително не се променат состојбите, планот на здравствените власти за намалување на одливот на медицински персонал нема да се оствари. Според статистиката на клубот на млади лекари во просек, по 170 лекари годишно ја напуштаат Македонија.

Сања Трајковска Ставров