Зголемена излезеност на прегласувањето во Желино

Зголемена излезеност на прегласувањето во Желино

Зголемена излезност во селото Ларце, општина Желино, каде денеска се прегласува за избор на пратеници во 6 та изборна единица. Под будното око на полициските службеници уште од утрината, на гласачкото место беше раздвижено. Во мирна и демократска атмосфера граѓаните го остваруваа своето право, а добар дел од нив допатувале дури од странство за да го дадт гласот на изборите.

На претходните избори, на избирачкото место 2101, кутиите се затворија со вкупно 479 гласови, додека пак овој пат, само до 14 часот имаше над 400 ни гласа. Изборниот процес на 8 мај на ова избирачко место беше поништен од државната изборна комисија поради утврдени нерегуларност, поради што, имаше и нов претседател на избирачкиот одбор. Тој за медиумите порача оти овојпат не очекува нерегуларности.

Инаку, на ова избирачко место има запишано вкупно 992 гласачи во избирачкиот список, а поради малата разлика во поддршката за партиите, стотина гласа одлучуваат за едно пратеничко место.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )