Згарадата на општина Будва е затворена по вчерашните инциденти

Зградата на Општина Будва е затворена за сите, освен за специјалните иследници кои земаат документација, по вчерашните инциденти и немирите околу преземањето на власта. Полицијата не му дозволи на сменетиот градоначалник Марко Царевиќ и на разрешениот претседател на Општинското собрание, Крсто Радовиќ, да влезат во зградата. Царевиќ изјави дека општината е блокирана и истакна дека тие не се толпа, туку избрана власт. Поради настаните во Будва, синоќа се одржаа протести во Подгорица, Никшиќ и Бар. Учесниците на протестите фрлаа со камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Десетици лица беа приведени а, според полициските извештаи, има повредени полицајци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста