Жестока дебата за Буџетот на пленарна седница, расправата ќе трае најмногу 5 дена

Популистички, предизборен, нереален и социјален буџет со кој се потценуваат граѓаните. Опозицијата распали по предлог буџетот за догодина. Пратеничката Лилјана Кузмановска обвини дека наместо 5% економски раст, оваа Влада само ќе продолжи енормно да се задолжува. Јавниот долг догодина ќе се зголемел за 300 милиони и ќе достигнел 5,7 милијарди евра. Вели дека додека владата се фали дека вложува во луѓето, ги скратува парите за наука, ученички и студентски стандард. Прашува како по 3 години пауза, дури сега им текнало да ги зголемат пензиите.

Власта и опозицијата очекувано се скараа и за реализацијата на капитални инвестиции. Додека опозицијата прашуваше дали Владата со враќањето кон рамниот данок ја заборави средната класа, власта се правдаше дека даноците се собираат според планираното.

Буџетот за 2020-та е историски најголем досега. Власта ќе собере 3,6 милијарди евра од граѓаните и фирмите, а ќе потроши 3,9 милијарди евра. Капиталните инвестиции тежат 375 милиони евра или 50-тина милиони помалку од првично планираното за годинава. Буџетот е скроен врз проекции за економски раст од 3.8% догодина.

Тања Попова

Advertisements

Поврзани вести