Жена фатена на безбедносна камера како тепа и малтретира мало детенце (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Жена среде игротеката „Дежа ву“ во скопски аеродром утрово брутално претепала дете на околу две годишна возраст. Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња, веројатно братчиња, а на видео снимката, објавена на фан страницата на „Дежа ву“ на „Фејсбук“, се гледа како во еден момент жената со влечење седнува едно од дечињата во скут, брутално му ја затвара устата со рака за да не плаче, па го врти и му удира шлаканици, по што грубо го седнува спроти неа. Тука видеото се прекинува, па нејасно е дали ваквиот однос продолжува. ПР менаџерот на кафулето Зоран Василевски за Алфа вели дека на останатиот дел од снимката од безбедносните камери се гледа како истата жена го удира детето и од столиците и од подот. Тие засега не се јавно достапни, но од игротеката ги доставиле во полицијата откако го пријавиле инцидентот.

Василевски вели дека за време на монстуозното однесување кон детето, никој не забележал дека жената малтертира дете, вработените слушнале плач, но помислиле дека тоа паднало низ игра.

Од МВР потврдија оти инцидентот е пријавен. Оттаму за Алфа велат дека известен е и Ценарот за социјална работа.

-Сопственик на угостителски објект пријави дека на 21.11.2019 околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како непознато женско лице во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Сега на ред се токму центрите за социјални работи, кои често се критикувани од страна на невладините огранизации.
Надлежните институции би требало веднаш да утврдат дали жената која е снимена како малтретира дете среде игротека е неговата мајка, роднина или дадилка, ангажирана од родителите, и да одговара за стореното.

Сања Трајковска Ставров 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста