Земјотрес со јачина од 6,3 степени во Грција

Според проценаката на грчкиот Геодинамички институт потресот бил бо морското подрачје југоисточно од Крит.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на околу 40 километри од градот Ситиа. Освен на Крит, потресот се почувствувал и на Родос и други егејски острови. Сведоци јавуваат дека бил многу силен и дека траел повеќе од десет секудни.

Луѓето велат дека било многу страшно

„Куќата се нишаше, многу страшно“, „Зградата се тресеше, излеговме од станот“, се дел од коментарите на страницата на „EMSC“.