Земјоделците од Кочанско на протест, го блокираа патот Кочани-Штип во Облешево

Со жив штит оризопроизводителите од Кочанско утринава го блокираа патот Штип-Кочани. Врз асфалтот истурајќи вреќа оризова арпа, симболично покажаа каде завршува нивниот труд.

Револтот кај оризопроизводителуте стана уште поголем откако не добија никаков абер од министерот и премиерот. Првично  беше блокирана едната коловозна лента, но потоа самоиницијативно ја блокираа и другата. Се пропуштаа само возила на брза помош. Бараат власта да си ги исполни ветувањата..

 „ Ние си ја браме цената што ни ја ветија! Еве за медиумите нека видат, живот за сите..во 2017 рекоа дека оризовата арпа ќе биде 25денари па нагоре, а оризот 50денари. Од тоа нема ништо , оризовата арпа се продава по 17денари-изјави Здравко Арсов.

  „Доколку не дојде до решение, народот сам ќе ја преземе одговорноста. Ке се организира и секојддневно ќе правеме блокади на патиштата„-изјави Стојче Ташовски.

Оризопроизводителите се пожалија дека се на работ на егзистенцијата, и одвај преживуваат, не можат да си ги  платат долговите кон државата и аптеките и ќе бидат приморани догодина да ги намалат површините посеани со ориз.

Ние не сме партиски дојдени. Сите што сме дојдени имаме иста мака.Сега никој нема, а пред избори сега ќе почнат да доагат и да не залажуват со пенкала и запалки„-изјави Трајчо Јованов

„Од врата на врата активисти одеа и вршеа притисок народитот да не излезе  на протест. Добро е што и волку излегоа, луѓето се плашат„-изјави Здравко Арсов.

 Со протестите продолжуваат во вторник. Оризопроизводителите се заканија дека нема да излезат на избори, ниту пак да се попишат.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста